Секоја чест: Сендвичара собра над 86.000 денари за Леонид

Ако државата не сака, народот може. Во многуте хуманитарни акции за Лео, се приклучи и тимот на „Baking Bread Burgers“, по што од продадени помфрити и донации собраа над 86.000 денари.
„Дечки, како што ветивме, вчера средствата собрани од продадени помфрити во сите наши локали во Скопје ќе бидат донирани на сметката на Леонид.
Сакаме да ви се заблагодариме на сите што не посетивте и дониравте плус во кутиите оставени за донации и заедно собравме 54230 денари од продажбата на помфрити, 32555 денари од донации во кутиите. Вкупно собравме 86785 денари “, стои во нивната објава на социјалната мрежа ФБ.

27.02.2024 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега