Седум часа откако стана премиерка на Шведска Андерсон поднесе оставка

 

Само седум часа откако беше избрана за премиер на Шведска, Магдалена Андерсон поднесе оставка. Причината е што не беше прифатен предлог-буџетот на нејзината Влада.

Коалицискиот партнер, партијата на Зелените, ја напушти Владата, а потоа Андерсон поднесе оставка.


– За мене тоа е прашање на почит и не сакам да водам влада, чиј легитимитет би можел да биде доведен под прашање, посочи Андерсон.

Таа го извести претседателот на Парламентот, Андерас Норлен дека и понатаму е заинтересирана да води еднопартиска социјалдемократска влада.

Коалициската влада треба да поднесе оставка ако некоја партија излезе од владата.

– И покрај тоа парламентарната ситуација е непроменета, потребно е повторно да се гласа, истакна Андерсон.

Норлен изјави дека ја примил оставката на Андерсон и оти ќе разговара со партиските лидери и утре ќе ги соопшти понатамошните чекори.

24.11.2021 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега