Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најавен полициски час во Франција
    • Кочани: Татко се заканувал на својот син – тинејџер
    • Гостивар: Мајка го пријавила синот во полиција
    • Расчистена кражба во гостиварско: Уапсен 36-годишник кој со закана одзел пари од спортска обложувалница
    • Дрога скриена во кампер – Германец падна на Табановце
    • Кратовчанка го пуштила кучето без подводник, по што нападнало сограѓанин
    • Дома чувал туѓ пиштол иако знаел дека не смее: Кривична пријава за кумановец
    • Никогаш не пијте вода од пластично шише кое било во жежок автомобил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се затвораат 26 подрачни училишта – 148 веќе се без ученици

    Се затвораат 26 подрачни училишта – 148 веќе се без ученици

    31.08.2026 во 19:04Updated:31.08.2026 во 19:061 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новата учебна 2026/2027 година ќе почне со 26 привремено затворени подрачни училишта поради недоволен број ученици. Во дел од нив нема ниту едно запишано прваче, а во други наставата досега ја следеле само неколку деца.

    Учениците од овие подрачни училишта ќе го продолжат образованието во најблиските поголеми училишта.

    Намалувањето на бројот на ученици доведе и до оптимизација на паралелките. Според министерката за образование Весна Јаневска, во новата учебна година ќе има вкупно 433 паралелки помалку – 222 во основното и 211 во средното образование.

    Во образовниот систем има околу 238.000 ученици, од кои 174.000 основци и 64.000 средношколци. Досега се запишани 14.952 првачиња и 16.932 ученици во прва година средно образование, а конечните бројки ќе бидат познати по дополнителните уписни рокови.

    Јаневска информира дека малите паралелки се спојуваат поради намалениот број ученици и посочи дека ниту еден редовно вработен наставник не останал без работа поради оптимизацијата.

    Во земјава во моментов има и 148 училишни објекти без ниту еден ученик, најголем дел во помалите и руралните населени места.

    Паралелно, во тек е проширување на капацитетите на 14 училишта, главно во скопските општини, а во следните месеци треба да почнат уште 15 вакви проекти.

    Прочитај повеќе

    Кочани: Татко се заканувал на својот син – тинејџер

    19.10.2026 во 19:55

    Гостивар: Мајка го пријавила синот во полиција

    19.10.2026 во 19:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.