Се уште гори во светиниколско, во гасењето ќе се приклучат армиски хеликоптер и три ер трактори

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово информираше дека пожарот кај светиниколско се уште е активен.

Како што информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, фронтот на огнот е многу широк, но населените места не се во опасност.

На терен работат пожарникари, а како што појаснува Ангелов во приправност има доволно припадници на Армијата кои се вклучуваат во гаснењето на пожарот на барање на локалните командири.

 

Според него, во текот на денот, на овој пожар ќе делуваат еден армиски хеликоптер „ми-17“, како и трите „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

 

30.07.2024 - 09:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега