Општина Кисела Вода денеска изврши уривање на дивоградба во населбата „11 Октомври“. Станува збор за поранешен деловен објект во сопственост на ГП „Пелагонија 5 – Градилиште механизација“ во стечај.

Објектот беше отстранет по донесено решение, бидејќи не поседувал соодветни технички акти и никогаш не бил евидентиран во Агенцијата за катастар, информираа од локалната самоуправа.

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска нагласи дека законите мора да важат подеднакво за сите:

„Општина Кисела Вода ќе работи исклучиво законски, почитувајќи ги сите закони и правила. Нема да има двојни стандарди за никого и нема да дозволиме прекршување на било каков закон.“

Exit mobile version