Се судриле две возила од кои едното било сопственост на МВР- едно лице повредено на Партизанска

Во сообраќајка помеѓу полициски возило и патничко возило повредено е едно лице во Скопје.

„На 19.10.2020 во 13.15 часот било пријавено дека во Скопје, на бул.„Партизански одреди“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од С.Ф.(33) од Скопје и патничко  возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.З.(38) од Скопје.“ информираат од МВР.

Во незгодата С.Ф. се здобил со повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега