Сообраќајна несреќа се случи утрово во скопската населба Кисела Вода, поточно кај Рампа, каде дошло до судир помеѓу патничко и товарно возило.

Според првичните информации од теренот, во инцидентот учествувале автомобил и камион, кои по судирот останале на коловозот и предизвикале привремен застој во одвивањето на сообраќајот на овој патен правец.

Засега нема информации за повредени лица во несреќата, ниту пак за тоа како дошло до сообраќајната несреќа.

Exit mobile version