Се судрија хеликоптери во САД: Загинаа девет лица

Во судирот на двата американски воени хеликоптери во Кентаки, во близина на базата Форт Кембел, загинаа девет лица, соопшти портпаролот на армијата.

Двата HH60 Blackhawks изведувале рутинска вежба околу 22:00 часот по локално време кога се судриле, изјави директорката за односи со јавноста на Форт Кембел, Брендалин Карпентер-Плејер за Fox News Digital.

Несреќата е под истрага.

„Во моментов нашиот фокус е на војниците и нивните семејства“, се додава во соопштението. Говорејќи на прес-конференција утринава, гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, рече дека државата ќе направи се што може за да ги поддржи семејствата на загинатите.

„Ќе го направиме она што секогаш го правиме, ќе ги прегрнеме овие семејства, ќе бидеме со нив во деновите и неделите што доаѓаат“, рече Бешеар.

Форт Кембел се наоѓа во близина на границата со Тенеси, околу 100 километри северозападно од Нешвил.

30.03.2023 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега