Се судрија две возила и мотоцикл- едно лице тешко повредено во Скопје

Во соообраќајка во која учествувале две возила и еден моотоцикл, едно лице било повредено и прекесено на Клиника.

„На 05.10.2020 во 22.40 часот било пријавено дека на ул.„Јужноморавски Бригади“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „цитроен ц3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К. (30) од Скопје, патничко моторно возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(20) од с.Црешево, скопско и  мотоцикл „јијинг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Н.(34) од Скопје“ стои во полицискиот извештај.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2020 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа