СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Б.(33) и М.Б.(44), двајцата од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и А.С.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 05.09.2025 во Тетово, по претходна расправија во сообраќајот, прво и второпријавениот му ја оштетиле колата на третопријавениот, по што настанала физичка пресметка помеѓу нив.

Пoтоа, третопријавениот со нож упатил закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Exit mobile version