„Се што ќе побарате се ќе направиме“: Таткото на Вања ѝ пратил пораки по исчезнувањето

 


Денеска во Основниот Кривичен суд Скопје продолжи судењето за убиството на Вања и Панче.

На рочиштето таткото на Вања, Александар Ѓорчевски сведочеше дека околу 13 до 15 часот попладнето на денот кога Вања беше грабната, ѝ испратил две пораки на нејзиниот мобилен телефон.

 

„Се што ќе побарате се ќе направиме. И подоцна ми текна да додадам уште една порака и таа гласеше „Од родителите““, рече обвинетиот Александар Ѓорчевски.

„Со надеж дека ќе го вклучат мобилниот телефон и пораката веднаш ќе им се појави“, посочи Ѓорчевски.

14.04.2025 - 11:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега