Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови

    29.10.2026 во 08:07

    Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови

    29.10.2026 во 08:01

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови
    • Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се проширува наплатната станица „Миладиновци“ – возачите да ја користат „Петровец“ како алтернатива

    Се проширува наплатната станица „Миладиновци“ – возачите да ја користат „Петровец“ како алтернатива

    28.04.2026 во 11:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) започна со реализација на проектот за доградба на наплатната станица „Миладиновци“. Со цел да се избегнат метежите и да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот за време на градежните активности, од претпријатието упатија апел до сите учесници во сообраќајот во наредниот период да ја користат наплатната станица „Петровец“ како алтернативна рута.

    Од ЈПДП посочуваат дека ова пренасочување е неопходно за да се намали времето на чекање и да се обезбеди побрз проток на возила. Наплатната станица „Петровец“ веќе располага со целосно функционален систем за електронска наплата, што овозможува ефикасен премин без задржувања.

    Доградбата на „Миладиновци“ е дел од поширокиот процес на модернизација на патарините во државата. Целта на проектот е воведување на електронска наплата со безконтактни смарт-картички и ТАГ уреди, систем кој треба значително да го подобри протокот на сообраќај и квалитетот на услугата за корисниците.

    Овој проект се реализира во рамки на договорот за изградба и инсталација на наплатни станици на Коридор VIII и на автопатот Миладиновци – Штип. Изведувач на работите е конзорциумот Аселсан – Жикол, додека финансиската конструкција е обезбедена преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

    Од претпријатието потсетуваат возачите да ги следат патните препораки и сообраќајната сигнализација со цел максимална безбедност и ефикасност додека траат градежните зафати.

    Прочитај повеќе

    Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови

    29.10.2026 во 08:07

    Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови

    29.10.2026 во 08:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.