Се преврте противпожарно возило во светиниколско, двајца пожарникари пренесени во болница

Доцна синоќа во 22.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека при гаснење на пожар во с.Орел, светиниколско, се превртело возило на Територијалната противпожарна единица Кавадарци, при што двајца пожарникари се здобиле со повреди.

Од Итна медицинска помош им била укажана помош, по биле пренесени во болницата во Кавадарци.  

31.07.2024 - 16:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега