Хрватскиот државен инспекторат итно го повлече од пазарот производот „Аптамил АР1“ (Aptamil AR1), формула за бебиња, поради зголемено присуство на бактеријата Bacillus cereus. Како што соопшти Хрватската агенција за земјоделство и храна (HAPIH), одлуката е донесена врз основа на микробиолошките критериуми за безбедност на храната, соопшти Индекс.хр“..

Повлекувањето се однесува исклучиво на пакувањето од 400 грама со следните спецификации:

  • Рок на траење: 17.05.2026 година
  • ЛОТ број: 111444865
  • Производител: Nutricia Export BV, Холандија

Според информациите објавени од хрватските медиуми, производот не е во согласност со регулативите на Европскиот парламент за безбедност на храна. Дистрибутер за Хрватска е компанијата „AWT International d.o.o.“.

Exit mobile version