Кај двајца од професионалните војници кои неодамна беа примени во АРМ бил евидентиран случај на шуга, објави ТВ „24“.
„По дијагностицирањето, војниците се изолирани и тие се упатени на домашно лекување согласно важечките здравствени протоколи. Веднаш се преземени соодветни превентивни мерки со цел спречување на евентуално ширење на болеста. Дополнително, спроведен е епидемиолошки надзор од страна на стручни лица од воено медицинскиот центар, при што се постапува согласно нивните стручни насоки и препораки. Ве информираме дека пред приемот на професионалните војници и почетокот на обуката обезбедени се сите предуслови за сместување, престој, живот и работа во единицата“, велат од Армијата за ТВ „24“.
Армијата со свечена церемонија на 29 декември прими во своите редови нови 150 војници.

