Се организира протестен марш за поддршка на жртвите и за казни на администраторите и членовите на „Јавна соба“

Платформата за родова еднаквост во среда (3 февруари) ќе организира протестен марш за поддршка на жртвите на групата Јавна собра.

Маршот е закажан во 14:30 часот, а ќе почне од Министерството за внатрешни работи до Јавното обвинителство.

„Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот ’Јавна соба‘, кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство. Бараме соодветни казни за администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и сè уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени. Бараме и инсистираме сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик. Бараме соодветна грижа за жртвите од надлежните институции“, велат организаторите.

Овој случај, велат тие, е шанса институциите да покажат дека се залагаат за женските права и во пракса, а не само декларативно.

Протестот, нагласуваат од Платформата, ќе биде организиран со сите заштитни мерки односно ќе се носат маски и ќе се држи дистанца, а адекватен број на редари ќе се погрижат тоа да биде така за време на целиот настан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2021 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега