Се огласија од СВР Велес: Комбе „мерцедес“ се судри со воз

Кај фабриката „Порцеланка“ во Велес, во 12.01 часот, се случи сообраќајна незгода меѓу воз на Македонски Железници и такси возило - комбе „мерцедес“, сопственост на такси компанија од Чашка, информира портпаролот на СВР Велес, Ристо Самрџиев за Прес 24.

„Денеска (05.01.2023) во 12.01 часот во СВР Велес било пријавено дека на железничкиот премин кај фабриката Порцеланка во Велес се случила железничка незгода помеѓу воз на Македонски Железници и такси возило - комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, а управувано од Д.Ј.(52) од Чашка“, изјави Самарџиев.

Според официјалните информации на полицијата, во незгодата со повреди се здобиле 10 патници кои биле пренесени во Општа болница Велес за укажување лекарска помош.

Прес24 го контактираше и портпаролот на Општа болница Велес, кој ни изјави дека официјални информации за повредените ќе следуваат по извршените интервенции.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.

 

05.01.2023 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега