Се огласија од МНР и МО: Уште од почетокот ја осудивме воената интервенција во Украина

 

Пред малку се огласија и од Министерството за надворешни работи, од каде потенцираат дека испраќаат заедничка изјава до медиумите со Минситерството за одбрана, во врска со изјавата на портпаролката Захарова, која пак, потенцираше дека потегот на Скопје, што испрати тенкови како помош за Украина, бил грешен.

„Република Северна Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност.

Северна Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независнот на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓунаордниот поредок заснован на правила. Имено, досега, Владата на Република Северна Македонија донесе неколку Одлуки за воено – техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција.

Република Северна Македонија како членка на најмоќниот воено – политички сојуз – НАТО Алијансата, одлучно стои зад позицијата и решителноста на Алијансата да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји – членки и да ги штити вредностите, слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации“, стои во заедничката изјава на МНР и МО.

03.08.2022 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега