Се огласи семејството на Атсу: Го нема, не знаеме каде е

Семејството на фудбалерот Кристијан Атсу најде сила да се огласи откако тој исчезна под урнатините по земјотресот во Турција.

Се уште се трага по исчезнатиот Кристијан Атсу кој по земјотресот во Турција остана под урнатините на зградата во која се наоѓаше во моментот. Иако клубот во еден момент објави дека Атсу е извлечен од урнатините, тоа не беше случај, а сега се огласи неговото семејство.

Сопругата на Мари Клер Рупио, која ја запозна додека играше за Порто во 2012 година, истакна дека се уште верува дека фудбалерот од Гана е жив!

-Атсу се уште го нема, не се знае каде точно, но верувам дека се уште е жив. Се молам за него. Поднесов барање до Хатајаспор, турските власти, британската влада да обезбедат опрема. Тие не можат да навлезат длабоко без опрема, а времето истекува, рече таа.

Се огласи и Кристијана Атсупиде, сестрата на Атсу , која е целосно несвесна за гласините кои доаѓаат од секаде.

-Ако некој го видел, тогаш каде е? Го нема. Јас страдам, имам непроспиени ноќи, се надевам дека ќе го најдат, рекла Кристијана.

12.02.2023 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега