Close Menu
Press24
    Најново

    „Нема кој да сече дрва за да нè стопли во зима“: Војната ги однесе речиси сите мажи од руското село Седанка

    24.02.2026 во 09:59

    Хаос на свадба во регионот: Полицијата апсеше сватови

    24.02.2026 во 09:50

    СДСМ: Дефокус не го полни фрижидерот, потребна е 600 евра минимална плата

    24.02.2026 во 09:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • „Нема кој да сече дрва за да нè стопли во зима“: Војната ги однесе речиси сите мажи од руското село Седанка
    • Хаос на свадба во регионот: Полицијата апсеше сватови
    • СДСМ: Дефокус не го полни фрижидерот, потребна е 600 евра минимална плата
    • Приведен возач – Македонската полиција му дала знак стоп, а тој забрзал
    • Возете внимателно, на овој патен правец има одрони: Сообраќајот се одвива по една коловозна лента
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знаеле за криминалот на Груби и молчеле
    • Лепа Брена дел од документарниот филм за животот на Саша Поповиќ: Мораше да продолжиме понатаму
    • СДСМ: Што ќе добие сега ДУИ за возврат
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се огласи Груевски: “Вистината е како шило, ќе боди лево-десно, напред-назад и оп на површина”

    Се огласи Груевски: “Вистината е како шило, ќе боди лево-десно, напред-назад и оп на површина”

    24.02.2026 во 08:37
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук.

    -Вистината е како шило, ќе боди, ќе боди, лево десно, напред назад и оп, ќе излезе на површина, напиша тој.

    -По поранешната обвинителка во СЈО Лејла Кадриу која беше сменета, а потоа и разрешена затоа што одбила да ги спроведува наредбите на СДСМ предводен од Зоран Заев, а дадени до СЈО за кој кажа дека личел на партиски штаб на СДСМ, во јавноста проговори и поранешниот судија на врховниот суд на Македонија Ристо Катавеновски. Тој отворено потврди дека тогаш судијката во кривичниот суд, а денес наградена како член на уставниот суд – Добрила Кацарска судела судски случаи по политичка нарачка за да добие унапредување (видовме дека тоа било за да стане член и претседател на уставниот суд).

    Тој кажа дека немало никакви докази за случајот “Тенк” за набавениот блиндиран Мерцедес и за квалификацијата по која беа осудени луѓето од случајот “27 април”, кое судење го нарече “катастрофално”.

    Кажа и дека врховниот суд го укинал притворот на луѓето од “27 април”, а веќе следниот ден, кривичниот суд донел нова одлука за нивни притвор и со тоа спречил извршување на одлука на врховниот суд, што е не почитување на одлука на Врховен Суд на Македонија, што судијката Кацарска не би си го дозволил освен ако не била политички и кариерно мотивирана, и секако личност без интегритет.

    И конечно тој кажа дека биле разрешувани и судии доколку одбивале да го испочитуваат тоа што од нив се очекувало да испорачаат.

    А знаеме дека тогаш главниот нарачувач и главата на политичкиот прогон беше Зоран Заев.

    Самиот судија Ристо Катавеновски бил разрешен затоа што не прифатил да подготви извештај до советот во кривичниот суд за случајот “Тенк” (набавката на блиндираниот Мерцедес), со кој ќе се потврди пресудата на Кацарска од кривичниот суд и од апелациониот суд во Скопје кој сосема сигурно на ист начин одлучуваше. „За злоупотреба мора да има доказ за штета или за корист. Овие два елемента не беа исполнети“, кажа неправедно разрешениот судија Катавеновски.

    Тоа беше време кога мнозинството од судиите кои ги судеа политичките предмети не само што судеа што ќе им кажат, туку така беа исплашени што понекогаш ако немаше, сами бараа насока од политичарите како да пресудат за да не згрешат. Или алтернативно во политичките предмети ќе пресудеа на начин што ја гледаа општата политичка атмосфера и ценеа каква одлука би го задоволила Заев. Еве како судијата Катавеновски вели за неговиот разрешување, а е во сличен дух: „Не е директно до Судски совет. Додека некој не им каже, тие не постапуваат. Мора да им каже некој“.

    Веднаш штом изразил свој став со несогласување за потврдување на пресудата заради немање доказ, Катавеновски бил разрешен од судија, веќе следниот ден. Му се одмаздиле затоа што не сакал да учествува во еден нечовечки политички прогон.

    За да не биде отворено токму за тоа разрешен, формално го разрешиле за случајот на бизнисменот Сеад Кочан за кого токму денес е објавено на страницата на судот за човекови права во Стразбург, дека судот во Стразбург ја прифатил како релевантна за разгледување и пресуда жалбата поднесена од Сеад Кочан и доставил прашања до Макеоднската влада.

    Статистиката на овој суд е дека од она што ќе го прифати да го разгледува околу 90% завршува со пресуда во корист на оној кој се жали, од причина што судот при првата филтрација добро анализира и проценува што да прифатат за разгледување, а што не.

    Ова води кон тоа дека за околу три години колку што вообичаено траат процедурите таму, се очекува дека веројатно ќе се пресуди дека на Сеад Кочан му биле прекршени човековите права во судскиот процес во Скопје, и тој ќе има право на повторно судење кое после таква пресуда која ја девалвира пресудата на македонскиот суд, јасно е во кој правец би требало да се движи и да заврши, освен ако во меѓувреме не се појави некој нов сатрп како Заев и неговото истурено оделение наречено СЈО и одделот во кривичниот суд каде беа одбрани судии кои ќе ги судат случаите на СЈО (за случајно да не паднат во раце на некој кој нема да суди по нарачка).

    За Сеад Кочан е јасно дека вистинската причина за политичкиот прогон кон него беше што во тоа време беше сопственик на телевизијата НОВА. Таа телевизија не ги подржуваше тогаш веќе за повеќето граѓани очигледните намери за предавство и распродажба на националните интереси на Македонците и Република Македонија, како и кражбата, личното богатење и проневерите кои следуваа, во пакет со очигледно ветената и реализирана неказнивост, како награда за промената на името на државата, јазикот и националноста, како и насилната промена на идентитетот и историјата на македонскиот народ.

    Судот за човекови права во Стразбур сосема очекувано и разумно го оспорува тоа што не е цврсто докажан контекстот, интегритетот и целината на снимките, како и фактот што одбраната на сите обвинети во сите случаи што ги водеше СЈО добиваше само транскрипти, без можност да се вештачат снимките во целина. Никогаш не беше спроведено експертско вештачење на нелегално прислушуваните разговори.

    Европскиот суд за човекови права во Стразбур официјално се обрати до македонската влада во врска со апликацијата на бизнисменот Сеад Кочан, отворајќи суштински правни прашања за користењето на прислушувани разговори како докази во кривична постапка. Слично како и за случајот „Тенк“, Стразбур повторно ја прашува владата во Македонија дали во вакви околности може да се смета дека судењето било фер, со фокус на тоа дали пресудата била заснована на докази добиени преку незаконско прислушување, и сето ова во согласност со членот 6 од Европската конвенција за човекови права. Така судот јасно сигнализира дека не го игнорира спорното потекло на доказите, туку го става во центарот на анализата на прашањето дали постапката била фер.

    Дополнително, Стразбур бара од Владата да се изјасни и дали биле почитувани принципите на контрадикторност и еднаквост на оружјата, односно дали одбраната имала реална можност да се запознае со доказите и да ја оспори нивната автентичност. Стразбур бара од Владата да се изјасни и дали биле почитувани принципите на контрадикторност и еднаквост на оружјата, односно дали одбраната имала реална можност да се запознае со доказите и да ја оспори нивната автентичност. Судот експлицитно ја проблематизира ситуацијата во која одбраната не ги добила аудио-снимките на носач на податоци, туку само нивни транскрипти, што отвора сериозни дилеми за можноста за ефективна експертска анализа на доказите.

    Според описот на предметот, обвинението поднесено од Специјалното јавно обвинителство се потпирало, меѓу другото, на аудио-снимки од пресретнати разговори поврзани со спорната јавна набавка, а судовите под политичко влијание ги прифатија како законито прибавени докази.

    Станува збор за еклатантно прекршување на правото на фер и правично судење, загарантирано со членот 6 од Европската конвенција за човекови права.

    Да се разбереме…Сите го знаеја тоа и тогаш. Нашите адвокати го кажуваа тоа јавно. Но, сите премолчуваа и денес тоа е голем срам за сите обвинители од поранешното СЈО, за сите судии кои дозволиле да се суди врз основа на вакви „докази“ и за целото македонско правосудство, а гледано од надвор, и на Макеоднија како држава.

    Тие монтирани случаи, не можеа да се монтирани ако не беа поднесени пред судот селектирани делови лично од страна на Заев, кој одкако по некоја грешка се појави целата снимка од “случајот Мартин Нешковски”, тројно подолга од верзијата на Заев доставена до СЈО, самиот во одговор на прашање на новинар одговори дека морал да ги крати бидејќи разговорите биле многу долги, со што јавно призна дека се занимавал со кратење на снимките и достава на делови селектирани од него лично.

    Бизнисменот Сеад Кочан беше принуден да одлежи затворска казна од шест години и да се соочи со целосно уништување на неговиот бизнис и се што создал во животот, додека Заев почна да гради своја бизнис империја надвор од Македонија, а во Македонија од позадина раководи со политичката партија СДСМ.

    Судијата Ристо Катавеновски ја загуби функцијата судија на врховниот суд до која дошол со децениска работа и посветеност во судството и правдата.

    Загубија многу, но го зачува образот и честа. И затоа исто како и обвинителката Кадриу сега можат со крената глава и чист образ да излезат и да говорат што се случувало.

    И тие што успеале еднаш во живот, и ја зачувале честа, на еден или друг начин, во едно или друго поле, ќе успеат повторно. Само траумите и горкото чувство на неправда ќе останат.

    Тој што мисли и што личи дека добил, живее во немир и страв опкружен со скапо платено обезбедување, и е окупиран со потребата со моќ од парите и политичката партија, да го задржи влијанието во правосудниот систем и во политиката за да не се отвори прашањето и процеси за неговите злодела, кои не се малку, или барем да не се отворат додека не застарат, напиша Груевски.

    Top News

    Популарно

    9 повредени во карамбол на патот Штип-Скопје

    23.02.2026 во 19:27

    Пратениците денеска расправаат: Ќе биде ли минималната плата 600 евра?

    24.02.2026 во 08:11

    Се огласи Груевски: “Вистината е како шило, ќе боди лево-десно, напред-назад и оп на површина”

    24.02.2026 во 08:37

    Милошоски: Груби проценил дека нема да има промени во власта во земјава, а и ниедна земја не би била гостопримлива за лице кое е на црна листа на САД

    23.02.2026 во 20:14

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.