Се огласи актерката чии родители беа пронајдени премрзнати во својот дом: „Не ми дадоа да влезам 10 години, ги молев и плачев“

 

Актерката Алиша Вит се огласи по повод шокантната смрт на нејзините родители кои пред еден месец беа пронајдени мртви во нивната трошна куќа во Масачусетс.

Постариот брачен пар наводно починал од хипотермија, а греењето им било исклучено.

Вит на Фејсбук објавила статус во кој јавно се опростува од своите родители и објаснува како дошло до трагичната ситуација. Актерката одлучно ја отфрлила можноста дека причината била таа што не им понудила помош, тврдејќи дека не ја пуштале да влезе во домот повеќе од 10 години и не знаела во каква состојба е истиот.

„Моите родители не беа без пари. Беа многу тврдоглави, добри души, но покрај тоа правеа свои избори од кои не можев да ги одвратам. Им помагав на сите начини на кои можев – на сите начини на кои ми дозволуваа. Немав поим дека греењето им е исклучено. Никогаш нема да разберам како и зошто одлучија да не ми го кажат тоа, да не ми дозволат да им помогнам. Срцето ми е скршено“, напишала Алиша на својот Фејсбук профил.

Актерката објаснила и дека ги молела, плачела и се обидувала да ги вразуми, се трудела да ги убеди да се преселат, но секој пат ѝ се лутеле, велејќи ѝ дека нема право да им кажува како да го живеат својот живот и дека сè е под контрола.

Вит исто така открила дека детективот преку телефон ѝ соопштил дека нејзините родители се пронајдени мртви, откако повикала социјална помош бидејќи се загрижила што не се јавувале.

Се сомнева дека постариот брачен пар починал од хипотермија бидејќи еден од нив бил пронајден облечен во капут. Исто така нивното здравје со текот на времето се влошувало бидејќи нејзиниот татко Роберт (87) се борел со рак, а нејзината мајка Дајaн (75) боледувала од Паркинсонова болест.


 

28.01.2022 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега