Се намалува бројот на хоспитализирани пациенти со западнонилска треска, а неделава во болница биле примени шестмина нови пациенти. На Клиниката за инфективни болести во моментов се лекуваат 19 лица, соопшти директорот Фадил Цана.
Тројца пациенти се екстубирани и нивната состојба се подобрува, додека двајца повозрасни мажи со придружни заболувања сè уште се на респиратор.
Според досегашната статистика на Министерството за здравство, во земјава се регистрирани 55 случаи на западнонилска треска, а 52 од заболените биле на болничко лекување.
Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека во моментов најголем број заболени се мапираат во северниот дел на Скопје, за разлика од почетокот на епидемијата, кога повеќето случаи биле регистрирани во јужниот дел на градот, кон Скопско Поле.
Во Карпош, во близина на Драмскиот театар, е пронајден уште еден мртов гавран кој бил позитивен на вирусот. Клековски ги повика граѓаните да пријавуваат пронајдени мртви гаврани, а најави дека во следниот период вниманието ќе биде насочено и кон мртви птици надвор од Скопје.
Досега од западнонилска треска во земјава починале шестмина мажи. Според Клековски, смртноста изнесува 11,5 проценти, лекувањето во просек трае околу две недели, а најголем број хоспитализирани пациенти имало во средината на август. Првиот болнички случај бил регистриран во мај, додека позначителен раст на бројот на заболени почнал во средината на јули.
- Мицкоски: Демографијата е главен проблем но и погрешните вредности на СДСМ си го направија своето
- Филипче: Тажен старт на учебната година
- Побарајте братче или сестриче од мама и тато за да не затвораме училишта
- Тошковски: Петмина приведени за нападот во Чаир – 13 годишно дете се бори за живот
- Сиљановска до првачињата: Учете, бидете љубопитни и бегајте од насилството
- Муцунски: ЕУ повторно да покаже волја за проширување
- Се намалува бројот на хоспитализирани од западнонилска треска
- Јаневска до првачињата: Побарајте братче или сестриче од родителите


