Изминаа шест дена од првиот круг на локалните избори 2025. Вториот круг ќе се одржи на 2 ноември (недела), според податоците на Државната изборна комисија, во 32 општини и Градот Скопје. Во меѓувреме во Македонски Брод и за Могила двајца од кандидатите се повлекоа од трката за градоначалник во вториот круг на изборите, но од ДИК велат дека и за двете општини постапката продолжува и дека ќе се печатат избирачки ливчиња.   

Седум дена пред вториот круг односно денеска на полноќ истекува рокот за пријавување на болни и немоќни лица за гласање, додека за три дена завршува и рокот за пријавување на лицата во домашен притвор. Овие лица, како и затворениците и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите односно на 1 ноември. 

Од ДИК информираат и дека во тек е пријавувањето на набљудувачите за вториот круг на изборите. 

Првата недела од кампањата за вториот круг од изборите измина во сумирање на резултатите, калкулации за поддршка меѓу кандидатите и коалциите, а најголем дел од кандидатите ги продолжија активностите и средбите со граѓаните, но со помал интензитет. 

Exit mobile version