Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди дека четири трговски друштва (маркети) и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) учествувале во забранет договор или усогласено однесување.
Како што информира КЗК, на состанок одржан на 5 февруари 2025 година, учесниците постигнале усогласен став за неприфаќање нови или зголемени ценовници од добавувачите. Ова претставува замена на независното пазарно однесување со практична координација.
Изречени се прекршочни глоби во износ од 50.000 евра за секое од трговските друштва, односно маркети, додека на Сојузот на стопански комори на Македонија е изречена глоба во износ од 18.500 евра.

