Денеска точно напладне, Владата ќе одржи клучна седница на која главна точка ќе биде ублажувањето на ценовниот шок кај нафтените деривати. Иако Македонија моментално има најевтини горива во регионот, растот на светските берзи поради конфликтите на Блискиот Исток наметнува потреба од итна интервенција.

Како што брифираат од Владата, целта е да се спречи најавениот дополнителен раст на цените на дизелот и бензините кој се очекува веќе од утре (понеделник). Ова доаѓа по веќе енормното зголемување на дизелот за 21 денар и на бензините за 12 денари по литар во последниот период.

Exit mobile version