Се чека Нетанјаху да го објави планот за евакуација на цивилите во Газа

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека наскоро ќе го одобри планот за евакуација на цивилното население од воената зона.

Нетанјаху два дена откако разговараше со американскиот претседател Џо Бајден, истакна дека ја цени неговата поддршка и дека американскиот претседател побарал од него да претстави предлози за хуманитарна помош и други аспекти од војната.

„Додека се подготвуваме да влеземе во Рафа, за што ќе биде потребно извесно време, продолжуваме да дејствуваме со сите сили. Продолжуваме да дејствуваме во Кан Јунис, во централните кампови, за да ги елиминираме и заробиме високите функционери на Хамас, како што направивме во болницата Ал Шифа додека елиминиравме стотици терористи“,изјави премиерот.

 Израелските медиуми пренесуваат дека Нетанјаху не се откажува од копнената офанзива во Рафа, каде што повеќе од половина од двомилионското население на Газа се засолни од конфликтот во други области, додека го предупредува Бајден дека мора да ги заштити цивилите.

20.03.2024 - 18:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа