Се чека на Комисијата за заразни болести како ќе се слави Илинден

Во Крушево, во пресрет на празникот Илинден чекаат Комисијата за заразни болести да каже како ќе се прославува и како ќе се одвива манифестацијата „10 дена Крушевска Република“, пренесува „Независен весник“.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, кој е и претседател на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“, големиот Илинден и 117-годишнината од Илинденското востание ќе се прослават достоинствено, но очигледно ќе изостанат собирањата. Само се знае дека програмата на манифестацијата ќе биде скратена, но за сè друго, треба да даде препораки Комисијата за заразни болести.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2020 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега