Се чека и по еден час за вакцинација за голема кашлица во поликлиниката „Јане Сандански“

 

Огромни гужви во поликлиниката Јане Санданскикаде се чека најмалку еден час за вакцина против голема кашлица – пренесува Макфакс.

Редови има до влезот на поликлиниката.

Пунктовите каде што може да се изврши вакцинација, по препорака на Комисијата за заразни болести, работат и втора смена преку работната недела, а децата можат да се вакцинираат и во сабота до 14 часот.

Според последните информации на Институтот за јавно здравје од осми февруари, во државата се регистрирани вкупно 22 случаи на голема кашлица.

По однос на место на живеење покажува дека најголем број лица живеат во Скопје – 16 (73%) во осум различни општини, 3 лица живеат во Куманово, 2 во Гостивар и еден во Боговиње, Тетово.

Заболените лица се на возраст од 1 месец до 23,5 години (медијана 2,5 години). Најголем број заболени се деца на возраст до 4 години, односно 9 случаи (40,9%) припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 8 (36,4%) се деца на возраст од 1 до 4 години

12.02.2024 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега