Во 2025 година, 71,9% од луѓето во ЕУ на возраст од 16 до 74 години користеле веб-страници или апликации на јавни органи, што претставува зголемување од 1,9 процентни поени во споредба со 2024 година, покажуваат податоците на Евростат.
Во Северна Македонија, 32,32% од граѓаните користеле услуги на е-влада. Најчести активности биле:
- преземање или печатење официјални обрасци – 17,11%
- барање официјални документи или сертификати – 15,44%
- пристап до јавни бази на податоци или регистри – 12,94%
- пристап до лични информации – 10,96%
Споредено со земјите од регионот, најмногу услуги на е-влада користеле граѓаните во:
- Грција – 71,99%
- Хрватска – 65,68%
- Србија – 64,23%
- Црна Гора – 52,39%
- Босна и Херцеговина – 37,87%
- Бугарија – 35,95%
За Албанија и Косово нема достапни податоци.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, неодамна истакна дека Порталот за услуги бележи рекордни резултати и станува централна точка за електронските услуги за граѓаните.
Според податоците за 2025 година, порталот забележал:
- 290% раст на издадени услуги
- 166% раст на корисници
Андоновски нагласи дека ова покажува дека граѓаните го препознаваат и прифаќаат Порталот, кој е динамична платформа и додава 3 до 4 нови услуги месечно.
Во ЕУ, земјите со најголема употреба на услуги за е-влада се:
- Данска – 98,0%
- Холандија – 96,2%
- Финска – 96,1%
- Шведска – 96,0%
Најмал удел регистрирале:
- Романија – 24,1%
- Бугарија – 36,0%
- Италија – 57,7%
Најчестата активност во ЕУ била добивање информации за услуги, бенефиции, закони и работно време – 44,2%. Следат:
- пристап до лични информации – 41,3%
- поднесување даночни пријави – 38,2%
- закажување состанок или резервација – 38,1%
- преземање или печатење официјални обрасци – 36,7%
- примање официјална комуникација или документи – 36,6%
- барање официјални документи или сертификати – 20,8%
- пристап до јавни бази на податоци или регистри – 20,7%
- барање бенефиции или права – 18,1%
- поднесување други барања или жалби – 5,7%


