Еве доказ зошто ВМРО-ОКГ не сака да ги објави резултатите од анкетата што ја правеле, каде се гледа историски пад на ВМРО и веќе тотално непостоење на ЗНАМ, велат од СДСМ.
„Што е заедничко за ЗНАМ и ВМРО-ОКГ:
Мицко ги излажа своите гласачи за името, Максо ги излажа своите дека се независни и дека ќе бидат коректив на власта.
Тие се „тендер коалиција“ – и едните и другите сакаат тендери.
Ниту Максо ниту Мицкоски не работат за плата.
И едниот и другиот имаат ист газда.
Нема политика, само приватен бизнис.
Едниот ја издаде партијата, другиот државата.
И двајцата удираат врз СДСМ – Максо преку Српска лига, ВМРО преку „Платформа“.
Имаат свои играчи – едниот Богдановиќ, другиот Шилегов.
Што најмногу ги поврзува – ЛАГА!
Народот сега сè гледа, лагите повеќе не поминуваат!“, стои во соопштението од СДСМ.

