СДСМ: За каква правда се консултира Силјановска со Михајло Маневски
Фотографијата од средбата на Гордана Силјановска-Давкова со поранешниот министер за правда, Михајло Маневски е директен доказ дека таа одработувала за Никола Груевски, обвинува СДСМ. „За што ли се советуваше Силјановска-Давкова вчера со човекот кој заедно со Гордана Јанкулоска е креатор на заробеното ‘Сваровски’ судство, човекот кој го партизираше судството, кој нарачуваше судски пресуди, кој местеше партиски судии само за да го заштити криминалот на Груевски и фамилијата“.
СДСМ прашува дали Силјановска како носител на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1 побарала совет од Маневски, како заедно со Мицкоски да ги спречат сите процеси што се водат против раководството на ВМРО-ДПМНЕ, „како да го заштитат нивниот ментор Груевски, како да ги зачуваат парите што ги украдоа од граѓаните? Таа е дел од шемата на криминалната ВМРО-ДПМНЕ и очигледно ги дели истите вредности и ставови Маневски, симболот на неправдата, со кого нема проблем да седи на иста маса“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа