СДСМ за бомбата за Заев: Вистината се потврдува, се боревме за продолжување на предметите на СЈО

СДСМ денеска се огласи по објавената аудио бомба за лидерот на партијата, Зоран Заев.

Оттаму тврдат дека вистината се потврдила.

-СДСМ и Заев се бореа за Закон за ЈО и продолжување на предметите на СЈО, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се бореа за спас на Камчев и Груевски. Како што наближува изборниот ден и поразот на ВМРО-ДПМНЕ И Христијан Мицкоски, растат паниката и стравот во белиот дворец. Денешните објавени аудио разговори само потврдуваат дека СДСМ и претседателот Зоран Заев постојано барале начини, решенија и правни механизми за целосна реформа на правосудството, со посочување на опасноста од недонесување на Законот за јавно обвинителство, се вели во реакцијата.

Од СДСМ потенцираат дека Заев и партијата постојано се бореле за обезбедување на двотретинско мнозинство во Собранието со што денес предметите на СЈО продолжуваат иако тоа не постои.

-Јасна е разликата. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се бореа за да паднат предмети, да падне предметот „Талир“, за да се сокрие нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, да падне предметот „Империја“ за да се спаси тајкунот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, за да се спасат други криминалци на чело со Груевски. Јасно им е и нив на чело со Мицкоски дека криминалот нема да го одбранат, нема да се спасат од одговорност. По 15 јули реформите во правосудството градат силна правна држава во која никој нема да се спаси од одговорност, се вели во дописот од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2020 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега