СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ среде криза удира по џебот на граѓаните

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ за една година се покажа како најнеспособна досега, обвинуваат од СДСМ во соопштение испратено до медиумите.

„Заедничко за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во повеќето општини во државата е хаос, нефункционалност, партизација, расипничко трошење на парите на граѓаните.
Среде криза удираат по џебот на граѓаните. Прилеп, Штип, Велес, Охрид, Радовиш, Виница се само дел од општините каде комуналните давачки се сериозно зголемени.

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ најмногу се гледа по хаосот во град Скопје“, стои во соопштението на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ да преземе одговорност за хаосот што му го приреди на Скопје, додаваат оттаму.

22.12.2022 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега