СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја поскапе струјата за 100 отсто и потоа се финансирала со пари од поскапувањето

ВМРО-ДПМНЕ не можат да помират со тоа што граѓаните веќе не им веруваат на нивните лаги и лицемерие и затоа упорно продолжуваат со деструктивното и неодговорно дејствување, велат од СДСМ.

Според партијата, ниту една лажна вест и ниту еден т.н. протест не го сокриваат фактот дека ВМРО-ДПМНЕ ја поскапило струјата за 100 отсто.

-Поранешен директор на АД ЕЛЕМ во судско сведочење јавно кажа како носел пратки кај тогашниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски и како Божиновски му се јавувал да ургира компании кои добиле тендери од тогашното АД ЕЛЕМ, да и помогнат на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ се разоткриени, затоа граѓаните ги казнуваат на три последователни избори и затоа не се приклучуваат на лицемерните протести на губитникот Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ не знае за ништо друго освен да брани криминал и да шири лажни вести. И самиот Игор Јанушев за кој има предмет, за злоупотреба на службена положба каде се сомнева дека го оштетил буџетот за 5 милиони евра, очигледно кога вели мафија мисли на себе и ВМРО-ДПМНЕ. Правда ќе има за секој, тоа е најголемиот страв на Јанушев и ова деструктивно ВМРО-ДПМНЕ на поразениот Мицкоски, велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2020 - 18:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега