СДСМ: Власта има пари за луксуз а за плати нема
Неверојатна е хипокризијата и лицемерието на ДПМНЕ. Според изјавите на претседателот на ССМ, Трендафилов, ДПМНЕ, додека беа во опозиција, постојано имале тајни средби со синдикатот со цел да ги издејствуваат своите политички цели за напад на тогашната власт предводена од СДСМ. Ова денеска го велат опозициската СДСМ.
- Лицемерната ДПМНЕ тогаш беше и за работниците и за синдикатот, даваше силна поддршка на протестите на ССМ пред Собранието. ДПМНЕ ги поднесуваше барањата на ССМ во Собранието како закон. Но, денес се потврди дека работниците им биле потребни само за да ги остварат своите лични политички амбиции. Сега, кога дојдоа на власт, никој не им треба, но граѓаните ова ќе го казнат. Ваква измама и понижување на граѓаните, кои чесно работат и со право бараат поголеми плати, никој никогаш не направил. Оваа влада е влада против граѓаните и работниците, против сите кои бараат подобар живот. Пари има за папаја, манго, аспарагус и приватни летови, но нема за оние кои едвај врзуваат крај со крај, велат тие.
Додаваат дека неспособното ВМРО-ДПМНЕ не може да ги намали ниту цените во маркетите и ги остави трговците да се збогатат за три генерации на грбот на народот, но нема пари за повисоки плати. Ваква ненародна власт немало во историјата и ќе биде казнета за ова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа