Власта на Мицкоски ги извиси и ги  изманипулира земјоделците производители на црвена пиперка, велат од СДСМ.

„Наместо откупна цена која ќе им обезбеди исплатливо производство, министерот за земјоделство Борче Серафимовски, на земјоделците им нуди милостина. 

Договорената цена што Серафимовски, сака да ја прикаже како некаков успех е далеку од исплатлива и далеку од откупната  цена на пиперката ајварката во 2022 и 2023. 

Во време на Владата на СДСМ, црвената пиперка ајварка, во период на пост ковид криза и енергетска криза се откупуваше по 45 денари во 2022 година и 50 денари за килограм во 2023 година.

Земјоделците не бараат милостина, туку фер цена за својот труд.

Денес, кога се е поскапено, од репроматеријали, ѓубрива, работна рака и сите останати трошоци за производство, земјоделците заслужуваат да имаат откупни цени со кои ќе имаат исплатливо производство. 

Производните трошоци во последните две години се зголемија за околу 20%, а откупната цена е намалена во просек за 30 %.

Сè поскапе, само трудот на земјоделецот поевтини.

Ова е резултатот од две години погрешни политики на ВМРО-ДПМНЕ кон земјоделците.

Две години власта ги понижува земјоделците, ги укинува добрите мерки на СДСМ и воведува нови критериуми кои дополнително го загрозуваат земјоделското производство.

Дозволија да се случи хаос со откупот во секоја земјоделска гранка. Ги оставија земјоделците без сигурност, сами да се снаоѓаат во сред криза’, стои во соопштението од СДСМ. 

Exit mobile version