Серија случаи на семејно насилство се евидентирани во изминатите 24 часа низ повеќе градови во државата, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На 10.08.2026 во 16:45 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.М.(46) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:30 часот во деловен објект во Гостивар физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга и ѝ упатувал закани. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.08.2026 во 15:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода А.П.(30), постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 62-годишен татко од Гостивар, дека физички го нападнала, при што употребила и дрвен предмет и му нанела повреди. А.П. е задржана во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.08.2026 во 22:35 часот, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишија од слобода Р.Ј.Н.(46) со престој во Радовиш. Според пријавеното, таа во куќата во која престојува во Радовиш физички ја нападнала нејзината 72-годишна мајка. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.08.2026 во 04:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ш.С.(49) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 47 – годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.К.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривична дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 30.04.2026 во семејниот дом, пријавениот упатувал закани и физички ја нападнал неговата сопруга.
На 11.08.2026 во 01:50 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Н.(37), постапувајќи по претходна пријава дека на 10.08.2026 околу 23:30 часот во семејниот дом, под дејство на алкохол, оштетил дел од покуќнината и се заканувал на членови на семејството. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.08.2026 во 11:30 часот во СВР Штип, 51-годишен маж од Штип пријави дека околу 03:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот син А.И., кој употребил и тврд предмет. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


