Close Menu
Press24
    Најново

    Исклучувања до 14 часот – Неколку населби во Скопје без струја

    24.03.2026 во 08:27

    Награди за најдобра истражувачка сторија – „Никола Младенов 2025“

    24.03.2026 во 08:25

    Повеќе од 50 уметници на сцена – „Глумците пеат“ во МНТ

    24.03.2026 во 08:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Исклучувања до 14 часот – Неколку населби во Скопје без струја
    • Награди за најдобра истражувачка сторија – „Никола Младенов 2025“
    • Повеќе од 50 уметници на сцена – „Глумците пеат“ во МНТ
    • Партија на пензионери ја поздравува одлуката на Влада за поевтинување на 300 лекови
    • Сиљановска во Хрватска: Тет-а-тет средби со Милановиќ и Пленковиќ
    • Кампања за подигнување на свеста за ризиците од мало и лесно оружје – Тошковски и Јаневска на настанот
    • Мицкоски и Рокас на тркалезна маса „Воведување на уставна жалба“
    • Подгответе се за невреме – Пред нас уште поголем пресврт со времето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Власта да одговори како 5 тони дрога ја поминале границата

    СДСМ: Власта да одговори како 5 тони дрога ја поминале границата

    16.02.2026 во 09:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    16 дена јавноста чека одговор како 5 тони дрога ја поминале македонската граница и завршиле во Србија. Нема одговор кој од власта ќе одговара за најголемиот нарко скандал, велат од СДСМ.

    „Наместо одговори, гледаме дефокус, лицитирање со бројки за запленета наводно нелегално произведена марихуана во Македонија и обиди за заташкување  на скандалот.

    Премиерот Мицкоски лицитира со 25, 40, па и 100 тони запленета марихуана, наводно нелегално произведена. 

    Ако навистина станува збор за нелегално производство од такви размери, тоа отвора уште посериозно прашање за одговорноста која мора да се прошири на повеќе институции токму во власта. 

    Како се произвела марихуана на површина од речиси 40 фудбалски стадиони, наводно нелегално, а институциите не знаеле, не провериле, не контролирале? 

    Одговорност мора да има и за МВР и за Здравство и за Земјоделие и за инспекторати, за сите што требало да контролираат, а не контролирале. За тие што требало да спречат, а не спречиле.

    Наместо дефокус и бегање од одговорноост власта да одговори:

    Како 5 тони дрога ја поминале границата и кој дозволил во државата да никнат 40 фудбалски стадиони марихуана?

    СДСМ нема да дозволи овој скандал да се заташка. Одговорност мора да има – за сите“, стои во соопштението од СДСМ.

    Популарно

    Исклучувања до 14 часот – Неколку населби во Скопје без струја

    24.03.2026 во 08:27

    Награди за најдобра истражувачка сторија – „Никола Младенов 2025“

    24.03.2026 во 08:25

    Повеќе од 50 уметници на сцена – „Глумците пеат“ во МНТ

    24.03.2026 во 08:20

    Партија на пензионери ја поздравува одлуката на Влада за поевтинување на 300 лекови

    24.03.2026 во 08:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.