Close Menu
Press24
    Најново

    Стаменкоска Трајкоска на форум: Одржливи политики и реални решенија за поквалитетен живот на лицата со атипичен развој

    10.03.2026 во 20:38

    Двојно убиство ја потресе Хрватска: Ги убил мајката и бабата, едното тело го фрлил во септичка јама

    10.03.2026 во 20:32

    Макрон и Фон дер Лајен го враќаат „атомот“: Нуклеарките се единствен спас од енергетскиот колапс

    10.03.2026 во 20:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стаменкоска Трајкоска на форум: Одржливи политики и реални решенија за поквалитетен живот на лицата со атипичен развој
    • Двојно убиство ја потресе Хрватска: Ги убил мајката и бабата, едното тело го фрлил во септичка јама
    • Макрон и Фон дер Лајен го враќаат „атомот“: Нуклеарките се единствен спас од енергетскиот колапс
    • УЈП: Се оди со сеопфатни мерки за да се спречат неправилности во евидентирањето на готовинскиот промет
    • Петковска: Измените во Кривичниот законик се во насока на подобра заштита на ранливите групи
    • Итна седница на Националното координативно тело –  ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
    • Ивица Дачиќ излезе од болница
    • Виткоф: „Се надеваме дека Русија не му помага на Иран“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Владата молчи за тендери од 9 милиони евра доделени на фирма со двајца вработени

    СДСМ: Владата молчи за тендери од 9 милиони евра доделени на фирма со двајца вработени

    01.12.2025 во 09:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Помина цел ден а Владата на Мицкоски како да зенемела за скандалот што го објавивме, нема одговор на ниту едно прашање што го поставивме  Криминалната Владата молчи за тендерите од 9 милиони евра за фирма со двајца вработени формирана минатата година, велат од СДСМ.  

    „Па зарем немаат што да им кажат на граѓаните? 

    Или им ги фативме криминалните шеми на кој начин преку „најповолни“ понуди се местат тендери, па се бранат со молчење? 

    Станува збор за парите на граѓаните, речиси 9 милиони евра. Нека не се надева власта дека молкот може да ги спаси, одговорност за криминалот ќе има.

    Тоа што ДПМНЕ одговара во име на институциите е дополнителна потврда дека криминалните шеми се направени во Белата палата. Затоа ги знаат сите детали за тендерите.  

    Ова што се случува во Македонија е организиран грабеж за испумпување на парите на граѓаните преку наместени тендери во едни исти фирми. Тоа е истата криминална шема на Никола Груевски кој испупмпа 2 милијарди евра а денеска е бегалец од правдата.

    Ученикот Мицкоски само го прави она што научил од неговиот ментор и учител.  

    СДСМ ќе продолжи, со факти, со докази, со аргументи и документи да го разобличува криминалот на владата на Мицкоски.

    Јавното обвинителство, ДКСК, сите институции треба да се вклучат, да направат независна истрага и да делуваат.

    Работата сè уште не е завршена“, стои во соопштението од СДСМ.

    Популарно

    Ненад Савевски е новиот државен јавен обвинител

    10.03.2026 во 13:31

    Уживајте во убавото време – Викендов следи лош пресврт

    10.03.2026 во 08:04

    Иран ги прекинува сите преговори со САД: Имаме премногу горчливо искуство, војната ќе го запали целиот регион

    10.03.2026 во 09:41

    Дизел кај нас 14,5 ден/литар – На светските пазари цената на нафтата драстично паѓа

    10.03.2026 во 09:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.