СДСМ: Тошковски не може да избега од одговорност, корупцијата се гледа од авион

 

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е фатен жив во огромна корупциска шема. Ова го велат СДСМ преку соопштение до јавноста:

Откако вчера јавно призна дека МВР доделило тендер вреден 4 милиони евра и на фирма основана само 20 дена пред распишување на тендерот се скри и не одговори на клучните прашања кои ги поставивме.

Наместо да се крие и да се претставува како борец за правда, да излезе и да одговори веднаш.

Како е можно фирма што дотогаш не постоела, да ги исполни сите услови и да достави мостри за квалитет? Кој ѝ ги кажал условите однапред? Кој ја подготвил да учествува и да победи? Каде се тие мостри што ги доставила, кога фирмата не ни постоела?

Тошковски вели дека се водел по „квалитетот“ на понудата. Како тоа се дефинира квалитет кај фирма без искуство, капацитет и историја на работење? Или квалитетот се квалитетни врски и провизии за Тошковски и ДПМНЕ?

СДСМ бара, ИТНА постапка од Јавното обвинителство, распит на сите вклучени во тендерот, испитување на можни кривични дела: злоупотреба на службена положба, местење тендер и перење пари и поништување на целиот тендер.

Тошковски не може да избега од одговорност. Овој скандал е негов. Народот гледа.

 

26.05.2025 - 09:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега