Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петровска: Сакам да бидам претседателка на СДСМ, ама не сега
    • ФОТО: Полицајците им упаднаа во локалот – им го најдоа белото
    • Ѓорѓиевски за 23 Октомври: ВМРО е непокор, Македонија е аманет, а слободата е завет
    • Брутална прецизност на македонските специјалци: Тигрите во топ 10 снајперисти на меѓународен напревар
    • Филипче: Одлуките ги носам како во операциона сала – прецизно
    • Ѓорге Иванов: Треба да создадеме иднина за нашите потомци
    • Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот
    • Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ со список на цени: Доматите над 200, месото до 840 денари – власта не презема ништо

    СДСМ со список на цени: Доматите над 200, месото до 840 денари – власта не презема ништо

    27.03.2026 во 09:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сè поскапува, цените на храната растат секој ден, а владата на Христијан Мицкоски не презема ништо, велат од СДСМ.

    „Единствената мерка на Мицкоски – намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10% не даде никаков ефеткт. Цените на горивата се покачија и во изминатиот период континуирани се поскапувања на храната.

    Зејтинот е поскапен и веќе цените седвижат и до 118 денари, кафето од 120–140 денари,  меленото месо е поскапено и сега е од 730 до 840 денари, пилешкото месо над 400 денари,  јајцата над 110 денари.  Во исто време, цените на зеленчукот и овошјето се исто така покачени, пиперките достигнуваат и до 300 денари, доматите над 200 денари.

    Ова е секојдневие на илјадници македонски семејства кои се борат како да обезбедат храна, како да го наполнат фрижидерот. 

    Кога носиш часовник од 65.000 евра, овие цени не се високи. Но, за работниците на кои не им е зголемена минималната плата, па дури и за административците на кои им се нуди само 7% зголемување, затоа што, како што вели Мицко „колку работат, доволно и имаат“ – нема да издржат ни до 15-ти во месецот.

    Граѓаните осиромашуваат а платите не растат. Власта одби да ја покачи минималната плата и сега ниту 600 евра плата не се доволни да се живее достоинствено.

    „Историско“ зголемување на платите работниците ќе го дочекаат со историско зголемување на цените и ќе остане запаметена историски најлошата Влада.

    Наместо да ги штити бизнис интересите Владата на Мицкоски веднаш да ги прифати мерките на СДСМ за  0% ДДВ за храната, намалување на акцизите  на горивата за 4 денари, намалување на ДДВ за горива на 5%и преполовување на патарините“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Петровска: Сакам да бидам претседателка на СДСМ, ама не сега

    23.10.2026 во 12:19

    Филипче: Одлуките ги носам како во операциона сала – прецизно

    23.10.2026 во 11:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.