Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО: Сè повеќе семејно насилство во Македонија

    03.03.2026 во 19:51

    Трамп уверува: Цените на нафтата ќе паднат под рекордното ниво по војната во Иран

    03.03.2026 во 19:38

    Хаос на Заливот: Силни експлозии во Дубаи, Абу Даби и Доха по напади на Иран

    03.03.2026 во 19:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВИДЕО: Сè повеќе семејно насилство во Македонија
    • Трамп уверува: Цените на нафтата ќе паднат под рекордното ниво по војната во Иран
    • Хаос на Заливот: Силни експлозии во Дубаи, Абу Даби и Доха по напади на Иран
    • Албански медиуми: Иран најавил можен напад врз кампот на Муџахедините во Албанија
    • Се огласија од Армијата: Најдовме дрога кај војник
    • Татко ја натепал сопствената ќерка: И извадил и нож, при што сам се повредил поради невнимателност
    • Две девојчиња се степале во училиште во Чаир
    • Руте ја посети и Армијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага?

    СДСМ: Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага?

    13.11.2025 во 12:003 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Денес ќе објавиме серија на информации кои отвораат сериозни сомнежи дека мега скандалот со корупцијата во ИПАРД фондовите води директно до врвот во власта. Повеќе од јасно е дека овој скандал не е изолиран случај, туку само ја потврдува системската корупција која ДПМНЕ ја воспоставило во агенцијата, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

    Тоа не е изненадување, историјата не учи дека секогаш кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт, секој скандал или злоупотреба е со амин на раководство на партијата.

    Еве како се поврзани сите во скандалот од власта за што мора итно да има проширување на истрагата.

    Имено, Илија Стоилев додека ја вршел функцијата Директорт на Агенцијата за финансиска поддршка, бил и активен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе.

    Она што е интересно е дека Стоилев е близок пријател на Игор Миќев викан Панкерот кој пак е во кумска односно кумашинска врска со премиерот Христијан Мицкоски.

    Од информациите кои ги добиваме од свиркачи, вработени во Министерството за земјоделие, токму Панкерот, кумот на Христијан Мицкоски, се однесувал деспотски во министерството вршејќи притисоци врз вработените за распределба на средства за субвенции и концесии.

    Од она што е доставено до нас од овие свиркачи токму кумот на Мицкоски се споменува како можен главен задолжен за сите криминални шеми и притисоци во министерството.

    Затоа, според истите информации и тој требало да биде опфатен со истргата.

    За ситуацијата да биде уште посериозна, кумата на Мицкоски и сопруга на Панкерот е вработена во Агенцијата за финансиска поддршка од каде според информациите кои се доставени до нас, без нејзино одобрение не се пуштала ниту една исплата на парите од ИПАРД програмите.

    Денес Христијан Мицкоски директно треба да одгвори.

    Дали под истрага се и неговите кумашини Игор и Цветанка Миќеви?

    Дали имало провизии и дали дел од провизиите завршувало кај него или во ВМРО-ДПМНЕ?

    СДСМ објавуваше изминатата година дека во во Агенцијата се случува буквално кражба, рекет и мито на секој чекор, но сега тоа излезе на виделина.

    Дали оваа шема на испумпување пари била начин за финансирање на Мицкоски и партијата?

    Понатаму, дали и колку пари од субвенции се испрани или е побарано мито за да бидат исплатени?

    Дали кумот на Мицкоски бил човекот кој вршел рекет врз земјоделците преку негови луѓе во Агенцијјата за финансиска поддршка?

    Почитувани,

    Бараме истрагата за овој случај одма да биде проширена од страна на обвинителството. Бараме да се истражат сите други злоупотреби кои се случувале во агенцијата и во сектор земјоделие за кои укажувавме дека е едно од најкорумпираните сектори откако ДПМНЕ дојде на власт.

    Во целиов скандал јасно е само дека земјоделците кои што инвестирале се најголемите жртви на партиските криминални шеми за ИПАРД 3, потенцираше Кузеска.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Списокот е мал: Еве во кои земји е најбезбедно да се живее во случај на трета светска војна

    03.03.2026 во 10:10

    Хаос во касарната во Петровец: Припадник на Армијата фатен со марихуана во ранецот

    03.03.2026 во 14:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.