СДСМ и претседателот ја предупредија Владата дека намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема да донесе очекуван ефект доколку не се преземат системски мерки, како намалување на акцизите и цените на основните прехранбени производи. Без такви мерки, граѓаните ќе продолжат да плаќаат високи цени.
Само еден ден по прес-конференцијата на премиерот Мицкоски, кога беше промовирана една делумна мерка, евидентно е ново покачување на цената на дизелот, која сега изнесува 95,5 денари за литар.
Последиците веќе се видливи во маркетите: маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, овошјето и зеленчукот над 100 денари за килограм, а цените на месото се покачени. Платите остануваат исти, па дури и со 600 евра плата, граѓаните тешко ќе го покријат месечниот буџет.
СДСМ повикува Владата да ги прифати мерките предложени од партијата, кои се реални и издржани: намалување на ДДВ на горивата на 5%, намалување на акцизите за 4 денари, 0% ДДВ за основните прехранбени производи и преполовување на патарините.
Овие мерки се предложени не заради политички поени, туку поради потребите на граѓаните, за полесно справување со поскапувањата и обезбедување на повисок стандард на живеење.

