СДСМ распали по опозицискиот лидер: Мицкоски е штетник, ја манипулира јавноста

Христијан Мицкоски секојдневно потврдува дека е само обичен заложник на Левица и Димитар Апасиев па и оттаму потребата постојано да глуми радикал. Единствениот план на Мицкоски е да го следи Апасиев и со него да се натпреварува со блокади и деструкции со цел да го попречи европскиот пат на државата. Овие пораки ги испраќаат од владејачката СДСМ во писмено соопштение испратено до медиумите.

„ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски не поддржа ниту една одлука, не учествуваше во ниту еден процес важен за евроинтеграциите и за меѓунардоното потврдување на државата. Но затоа, истото тоа ВМРО-ДПМНЕ правеше и прави сè да ја загрози европската иднина, да пласира лажни вести со кои ќе ја манипулира и вознемирува јавноста.

Така правеа и за време на пандемијата со корона и за време на Европскиот предлог и за време на енергетската криза, така прават и сега кога треба да се носат реформи со кои ќе се интензивира евроинтегративниот процес. Без разлика на дејствувањето Мицкоски, СДСМ нема да се откаже од европската иднина. Силно и одлучно ќе продолжиме по европскиот пат, а Мицкоски и Апасиев ги чекаат нови порази“, стои во соопштението на СДСМ.

 

24.03.2023 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега