СДСМ: Продолжуваме со барање решенија за изборите

 

 

„Нашите напори се Северна Македонија итно да излезе од оваа институционална криза, а тоа значи избори час поскоро, за да добиеме целосно функционални Собрание и Влада“ информираат од владејачката СДСМ по најавите дека е можен договор за датум за парламентарните избори со опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Продолжуваме со барање решенија ова да се реализира на најбрз можен и целосно демократски начин, потенцираат од СДСМ.

Официјални информации за разгворите помеѓу двете партии нема. Само се знае дека има комуникација меѓу нив и дека се очекува до крајот на денот или утре да има некаков исход.

Во меѓувреме, роковите за парламентарни избори на 5 јули течат. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2020 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега