СДСМ: Попис ќе има, нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да го блокира процесот

Попис на населението ќе има идната година во април, бидејќи тоа е неопходно за развојот на државата, порача Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка на СДСМ.

-Во 2021 година следува успешна статистичка операција спроведена според најдобрите стандарди на ЕУ. Пописот, како статистичка операција, според највисоките меѓународни стандарди на ЕУ, ќе го организира и спроведе Државниот завод за статистика. Со предлог Законот за попис, имаме за цел, оваа статистичка операција, сега и во иднина да не се третира веќе како политичко прашање. Пописот не смее и нема да зависи од волјата на политичките партии и лидери. Тој погрешен концепт на ВМРО ДПМНЕ, пописот да биде политичка операција се потврди како погрешен во 2011 година и затоа пописот пропадна и залудно се потрошија народни пари – изјави Калеска.

Таа додава дека попис е неопходен за развој на земјата, која, како што истакнува, е единствена во регионот без попис 18 години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2020 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега