Close Menu
    Најново

    СДСМ поднесе закон за минималец од 600 евра: Време е за достоинствена плата за работниците

    30.01.2026 во 15:32

    Наставниците со повисоки плати од април: Јаневска потврди зголемување од 7,5 проценти

    30.01.2026 во 15:24

    Новинарка од Тетово кривично осудена бидејќи спомнала име на судија

    30.01.2026 во 15:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • СДСМ поднесе закон за минималец од 600 евра: Време е за достоинствена плата за работниците
    • Наставниците со повисоки плати од април: Јаневска потврди зголемување од 7,5 проценти
    • Новинарка од Тетово кривично осудена бидејќи спомнала име на судија
    • По македонските, и српските камионџии ги тргнаа блокадите, сообраќајот од 15 часот се нормализира
    • Мицкоски оптимист: Решението за транспортерите се наѕира, очекувам следниот месец работата да биде завршена
    • Мицкоски: Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините
    • Ѓорѓиевски: Политиката нема место во општините, воведувањето комунална полиција останува приоритет
    • ЈСП со важно соопштение до граѓаните: Од утре се укинува плаќањето со СМС за ноќните линии, бесплатните и месечните билети не важат по полноќ
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » СДСМ поднесе закон за минималец од 600 евра: Време е за достоинствена плата за работниците

    СДСМ поднесе закон за минималец од 600 евра: Време е за достоинствена плата за работниците

    30.01.2026 во 15:32
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Пратеничката група на СДСМ денеска во Собранието го поднесе предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата. Од СДСМ велат дека во согласност со потребите на работниците и барањата на синдикатите, со измените вистината на минималната плата се одредува на 36.960 денари, односно 600 евра.

    Во образложението се наведува дека во текот на 2025 година е евидентиран континуиран пораст на инфлацијата, при што индексот на трошоците на живот бележи значително зголемување. Особено кај основните прехранбени производи, енергентите, комуналните услуги и здравствените трошоци, кои имаат директно и најсилно влијание врз месечните трошоци на домаќинствата. 

    – Поскапувањата кај храната и основните животни продукти, како и растот на цените на електричната енергија, греењето и услугите, реално ја намалуваат куповната моќ на работниците, особено на оние што примаат минимална плата. Ова особено се одразува врз најранливите категории работници кај кои минималната плата претставува единствен или доминантен извор на приходи – нагласуваат од партијата. 

    Дополнително, велат од СДСМ, синдикатите, како легитимни претставници и заштитници на правата на работниците, во континуитет укажуваат на потребата од дополнително зголемување на минималната плата, со цел ублажување на ефектите од инфлацијата, обезбедување достоинствен животен стандард и зголемување на социјалната сигурност на работниците и нивните семејства.

    Според СДСМ, финансиските импликации за овој закон се во износ од 7.500.000.000 денари.

    – СДСМ е на страна на работниците. Очекуваме поддршка од сите парламентарни партии. Ајде да обезбедиме достоинствена плата за работниците. Време е – се вели во соопштението од СДСМ.

    Популарно

    (ФОТО) Синот на премиерот слави роденден и именден

    30.01.2026 во 10:50

    Ужас ја потресе Македонија: Автомобил прегази 13-годишно девојче и избега, полицијата трага по возачот

    30.01.2026 во 11:40

    Трамп со нов удар врз Хавана: Царини за сите земји што ѝ продаваат нафта на Куба

    30.01.2026 во 10:41

    Хаос во Советот на Град Скопје: Именувани 117 членови во управни одбори без доставени биографии

    30.01.2026 во 10:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.