СДСМ: Остваривме сериозен напредок во борбата против криминалот и корупцијата

-Владата предводена од СДСМ и надлежните институции, остварија сериозен напредок во борбата против криминалот и корупцијата.
Потврда за тоа е и Индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл каде Република Северна Македонија има напредок од 24 места, што е е најдобро рангирање на нашата држава во последните шест години, се вели во соопштение на владејачката СДСМ.
 
-Се наоѓаме на 87 место со 39 индексни поени, во 2020 година бевме рангирани на 111 место со 35 индексни поени.
Во однос на регионот исто така имаме најголем напредок, а на листата на Транспаренси зад нас се Србија, Албанија, Босна и Херцеговина.
Во Извештајот на Транспаренси јасно се наведува дека гонењето функционери од власта е една од причините за напредок во борбата против корупцијата.
Ова, е показател за успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ пред се успешната реализација на Планот за борба против корупцијата и реформите во правосудството.
 
Напредокот на листата на Транспаренси Интернешнл е дополнителен мотив да продолжи процесот на реформи преку дигитализација на процесите за исклучување на човечкиот фактор во процесите,  реформа на правосудството, зголемување на професионализацијата на институциите и јакнење на интегритетот на носителите на јавните функции, стои во нивното соопштение.
 

 

 
26.01.2022 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега