Власта на Мицкоски брза да го стави под свои канџи обвинителство и судството. Целта е целосна контрола над обвинителството и погребување на правдата за спас од одговорноста за криминалните тендери кои врват зад грбот на граѓаните. Изборот на новата в.д државна јавна обвинителка е уште еден доказ за тоа. Анита Топалова Исајловска е позната како обвинителка која  бараше да се укине предметот Талир во кој беше обвинет и Никола Груевски а се однесуваше на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ преку писмена реакција испратена до медиумите. 

Таа е сопруга на Илија Исајловски, поранешен заменик министер од ВМРО-ДПМНЕ. 

Дали сега на сите им е јасно што се случува?

Исто како во времето на Груевски.

Нема да ви помине! 

Сите ќе одговарате!

Работата не е завршена!, реагираат од СДСМ.

Exit mobile version