Во текот на претстојниот празничен период се зголемува ризикот од пожари во домовите поради невнимателна употреба на празнични украси, од светла и свеќи до прскалки, соопштија од ТППЕ Струмица. Новогодишните елки и пластичните украси лесно горат, а огнот може брзо да се прошири на околниот мебел.

Пожарникарите нагласуваат дека е важно да се следат нивните препораки:

  • Никогаш да не се оставаат запалени свеќи без надзор.
  • Да не се користат неисправни или оштетени светилки.
  • Да не се палат прскалки на елката.
  • Доколку се појави пожар, веднаш да се затворат вратите и прозорците за да се спречи ширење на чадот и топлината.

Празничниот период се совпаѓа и со грејната сезона, па пожарникарите апелираат за одговорно однесување при отстранување на пепелта. Дури и при ниски температури, врелата пепел во контакт со запаливи материјали како картонска амбалажа или отпадни хартии може да предизвика пожар. Жарчињата од пепелта остануваат потенцијален извор на палеж до 24 часа, па се советува пепелта да се фрла на одредено место или во метален сад и да се изгасне со вода по отстранувањето.

Струмичките пожарникари апелираат до граѓаните да ги следат овие совети за празниците да поминат безбедно и мирно.

Exit mobile version